Виолончелистот Стјепан Хаусер периодов е на турнеја во Америка, каде изминативе денови на еден од неговите настапи присуствувала и познатата Селин Дион.
Дивата со светски глас веќе две години не се појавува толку често во јавноста, бидејќи боледува од тешка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност.
View this post on Instagram
Вистинска привилегија е да се види во јавност, а кога се појавила на настапот на Хаусер, настанал хаос. Хрватот добро знаел како да ѝ укаже чест на својата важна гостинка, па специјално за неа отсвирел кавер од насловната песна на „Титаник“ која ја интерпретира токму Дион.
Преплавена од емоции, таа седела целосно занесена во настапот до самиот крај. По завршувањето на песната, станала со остатокот од публиката и ентузијастички му аплаудирала на Хаусер.
View this post on Instagram
Таа се заблагодарила и кимнала со главата во знак на почит кон присутните на концертот. Покрај тоа, им испратила и неколку бакнежи заедно со слатки зборови на благодарност. Балканскиот шармер се обидел да ја убеди да му се придружи на сцената, но таа учтиво го одбила.
„Ви благодариме што сте тука, за нас е голема чест. Уживајте во остатокот од шоуто“, ѝ рекол Хрватот на Селин.
Двајцата имале можност официјално да се сретнат и разговараат по концертот зад сцената. Селин тогаш не го криела воодушевувањето од неговата работа и дело, а била направена и заедничка фотографија.
View this post on Instagram
„Долго го чекав овој момент! Ви благодарам Селин што дојдовте со вашето семејство на мојот концерт во Вегас, ми беше чест!“, стои во описот на нивната заедничка фотографија на мрежите.
фото:Instagram printscreen/ hausercello/ daynaroselli