Љубов и секс

Жените открија кои пози во с*ксот најмногу ги мразат!

Жените открија кои пози во с*ксот најмногу ги мразат!

Сексуалните преференции се лична работа и она што е одлично за некои не е добро за други, и обратно. Затоа, не можеме да генерализираме кога станува збор за тоа што им се допаѓа или што не им се допаѓа на жените и на мажите, но можеме да изнесеме одговори на 1.200 дами кои отворено признале кои секс пози најмногу ги мразат.

 

Студијата спроведена од магазинот Women’s Health се покажа дека позата која жените најмалку ја сакаат е „кучешки стил“, односно секс од позади, што е поза што им е омилена на многу мажи.

 

Исто така, дамите не сакаат да бидат од горе за време на односот, што е втора најомразена поза, а потоа следува превртената каубојка, што значи дека девојката седи на момчето додека и му е свртена со грб.

 

Ниту мисионерска, како една од најчестите пози – кога мажот е одозгора, не е многу популарна кај жените, а во првата петорка е и познатата поза 69.

 

Инаку, „кучешкиот стил“ кој жените најмалку го сакаат е и на врвот на листата во истражувањето за најопасните пози за жените. Докторката Кристи Латам вели дека оваа популарна поза за уживање во сексот всушност може да доведе до чести повреди.

 

„Вагината на жената може дури и да се скине ако нејзиниот партнер не влезе правилно“, објаснува таа.

 

Иако, теоретски, тоа може да се случи во секоја поза, жените имаат најмала контрола кога имаат секс одзади и позата може да биде непријатна, па постои поголем ризик од повреда.

 

Од друга страна, позата која исто така не ја сакаат жените – кога се на врвот – е најопасна за мажите, бидејќи токму во оваа поза се јавуваат најмногу скршеници на пенисот.

Извор: Попара

To top