Радио Милева приватниот пекол

Српската пејачка 18 години трпела насилство, а тој ѝ префрлал што немаат деца

Српската пејачка 18 години трпела насилство, а тој ѝ префрлал што немаат деца

Светлана Танасиќ, попозната како Биг Мама, се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, се повлече од јавната сцена, а неодамна откри морничави детали за својот поранешен сопруг.

Во текот на бракот, кој траеше 18 години, пејачката, како што тврди, трпела физичко и психичко насилство од страна на сопругот.

Драган беше човек кој не ја почитуваше жената. Неговата мајка беше како генерал, беше главна и тука владееше матријархат и тој не сакаше жени“, рече таа на телевизија, а на прашањето дали тогашниот сопруг ја сакал, таа одговори:

„Па чисто се сомневам. Тој во мене гледаше само бегство, во мене гледаше некого кој секогаш ќе може материјално да го поткрепи и брзо почна да го покажува своето вистинско лице. Што се однесува до потомството – тој ме обвинуваше мене, но на крајот се испостави дека тој не можеше да има деца“.

„За жал ме тепаше, но јас сум единствениот виновник што го дозволив тоа. Кога првпат крена рака на мене, тогаш требаше да го исфрлам од куќата. Не прашувај ме зошто не го направив тоа, не би знаела да одговорам. Сè се надевав и мислев дека тоа ќе се промени, дека тој ќе сфати која сум јас, дека јас сакам само топол дом и семејство, и дека јас не сум таква каква што тој ме гледаше со своите очи. Беше многу посесивен, многу љубоморен, а навистина немаше причина“, се присети Светлана Танасиќ, па откри дали некој знаел што се случува меѓу четирите ѕида:

„Никој не знаеше! Сега и мојот брат првпат ќе го слушне тоа и многу ми е жал. Тој е срцев болесник и не сакам ништо да му се случи. Сакав на сила да имам нешто што е предодредено на пропаст. Од силна желба да имам дом и семејство, си направив пекол од животот и јас сум виновникот“.

Биг Мама по разводот ја напушти Србија и се отсели во Германија каде почна да работи како хигиеничарка. Одамна престана да настапува, а денес изгледа сосема поинаку.

„Никогаш не е доцна и не треба да се предадеш и да губиш надеж. Баш ме гајле за коментарите, јас не живеам од народот. Ништо не е срамота, нека си гледаат своја работа“, рече таа.

фото:You tube printscreen/Grand Nostalgija

To top