Радио Милева емотивно и моќно обраќање

„Некст тајм“ со искрена порака пред големиот концерт: „Поентата на полна сала не е да ни се крене егото!“

„Некст тајм“ со искрена порака пред големиот концерт: „Поентата на полна сала не е да ни се крене егото!“

Останаа уште помалку од 24 часа до големиот музички спектакл на македонското поп-рок дуо „Некст Тајм“, закажан за утревечер во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

По месеци напорна работа и посветеност, Стефан и Мартин Филиповски ги завршија последните финеси и подготовки во студиото, а на социјалните мрежи споделија заедничка фотографија со целиот музички тим и придружните вокали кои утре ќе застанат рамо до рамо со нив на големата сцена.

Во атмосфера исполнета со искрена радост и позитивна енергија, браќата преку исклучително емотивно и моќно обраќање им се заблагодарија на публиката, соработниците и специјалните гости, порачувајќи дека се подготвени да го остават срцето пред публиката и да одбележат 18 години музичка приказна.

„Пробите завршија. Чекањето дојде до самиот крај. Возбудата за утрешниот концерт не може да се опише со зборови. Зборовите во нашите глави се погласни од кога било, а сите водат кон еден збор – СОН. Веруваме во нашиот сон, а таа верба е уште поголема затоа што знаеме дека ве имаме вас. Заедно веруваме дека утре ќе ја наполниме салата „Борис Трајковски“ – Т-Арена! Но, поентата на полна сала не е во тоа да ни се крене егото. Напротив. Кога човек гледа дека неговиот труд е препознаен и ценет, добива уште поголема мотивација да даде и повеќе од 100% од себе. Мотивирани сме, и по 18 години, повторно да докажеме дека во нас има музички квалитет, но и дека како луѓе знаеме да ја цениме секоја подадена рака, секоја поддршка и секоја трошка љубов што ни ја давате. Ве сакаме! Се гледаме утре! Со Господ напред, заедно до нови успеси! П. С. Огромна благодарност до сите луѓе што се на оваа фотографија, но и до сите оние кои работат зад сцената, далеку од очите на јавноста, а се неизоставен дел од остварувањето на овој сон. Без вас, ништо од ова немаше да биде исто! Благодарност голема и до сите јавни личности и инфлуенсери што нè поддржаа, големи сте! Благодарност до нашите гости: Синтезис и Антониа Гиговска“, стои во нивната објава.

Со најавените музички великани „Синтезис“ и моќниот вокал на Антониа Гиговска како специјални гости на вечерта, нема сомнеж дека утрешниот концерт ќе донесе еуфорија, патриотски емоции и вечер која долго ќе се памети.

фото:Facebook/ Next Time

To top