Радио Милева цеца бесна

На Мики Секуловски му „потонаа сите бродови“ во полуфиналето од „Ѕвездите на Гранд“, ваква ситуација пред финале не насетуваше никој (видео)

На Мики Секуловски му „потонаа сите бродови“ во полуфиналето од „Ѕвездите на Гранд“, ваква ситуација пред финале не насетуваше никој (видео)

Дваесет полуфиналисти изминатата сабота жестоко се изборија за пласман во финалето на „Ѕвезде Гранда“, а за нивната пејачка големина говорат и резултатите од гласањето на жирито кое во најголем дел не можеше да одлучи кој е подобар.

Свесен за силната сезона и талентите кои напорно работеа претходните десет месеци, Саша Поповиќ имаше најтешка задача да ја донесе конечната одлука за финалистите кои следната сабота ќе се борат за ласкавата титула.

Меѓу учесниците од целиот регион, Македонија ќе има тројца свои финалисти: Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ.

Прва во полуфиналето се претстави Андријана која овој пат директно се пласираше и немаше простор за дилема околу нејзниот пласман.

Следен беше Мики Секуловски кој сосема неочекувано после акапелата со противкандидатот Сидик Шабановиќ тој заврши во бараж, а Сидик со директен пласман. Дека ова беше сосема неочекувано за Мики се гледаше од изразот на неговото лице, и како тоа пред самиот крај од „Мики Велики“ се најде во бараж.

Ова многу ја налути и Цеца, па и порај коментарите на жирито дека Мики е на сигурно за главната ноќ, Цеца беше нервозна па кажа:

-Велат не пејте низ Босна, не играјте низ Србија не играјте, а низ Македонија и не играјте и не пејте.Па извини, мислам дека си оштетен Мики. Ајде да пукаме – бесно рече Цеца.

Сите изминати 13 круга, Мики Секуловски беше фаворит на повеќемина од жирито,  ставовите останаа исти со оглед на коментарите, но исходот очигледно беше сосема неочекуван.

Сепак, Саша Поповиќ на крај се реши за преседан и сите 20 полуфиналисти ги назначи за финалисти кои ќе ги гледаме во сабота кога ќе се слави.

Македонија уште еднаш има големи шанси за победа, а за тоа одлучуваат гласовите на гледачите.

Гласајте и дајте ја поддршката за вашиот фаворит, Андријана, Мики или Мелиса!

Настапот можете да го погледнете на 22: 34 минути

фото:Instagram printscreen/ You Tube printscreen/ Zvezde Granda

To top