Лепа Лукиќ своевремено откри дека донела одлука кому ќе му го остави целото богатство, па напишала тестамент.
Како што откри, по смртта на својот внук од брат ќе му остави ресторан, два стана, куќа и целата заштеда, но под еден услов.
– Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук од брат мора да се грижи за мачката, ако јас заминам пред неа. Радисав треба да ја чува Маза, да ја пази и гали и ќе наследи сè што сум стекнала во текот на животот. Сето тоа стои во документот што го чува мојот адвокат – рече Лепа, која објасни дека е особено врзана за мачката.

– Таа е чудо од мачка, јас ја доживувам како свое дете. Затоа морав да ја згрижам и да знам дека ќе биде добро кога јас ќе заминам на оној свет. Од 2011 година нас две живееме заедно како мајка и ќерка. Многу е паметна, ма попаметна е од мене! Таа никогаш не се качила на маса додека јас јадам, како што тоа го прават другите мачки.
Си има свои гранули и кога ќе каже: „Мјаууу“, јас ѝ возвраќам: „Сине, кажи ми што сакаш, кажи ѝ на мајка што сакаш.“
Одиме заедно до местото каде што стои нејзиниот сад за храна и јас ѝ сипувам да јаде. Кога ќе се најаде, одиме во спалната соба, јас го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека заедно да спиеме. Да живеев сама, јас ќе полудев! Со Маза никогаш не сум сама – изјави тогаш пејачката за Информер.рс
фото:Instagram printscreen/lepa_lukic_official






