Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.
Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.
Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.
Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.






