Мегафон фестивалска најава

,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години: Една ноќ – многу хитови!

Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.

,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години: Една ноќ – многу хитови!

Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.

Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.

 Музичката фолк вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.

Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.

Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.

To top