Познатиот поп-пејач Адријан Гаџа, кој веќе подолг период е посветен на својот успешен угостителски бизнис во Скопје, ужива во најубавото и најважно поглавје од својот приватен живот.
Иако со години ја чуваше својата приватност подалеку од медиумите, Адријан сега со гордост и неизмерна среќа ја покажува својата избраничка Сидорела Даути.

Парот неодамна присуствуваше на свечен настан во елегантно издание, а фотографиите кои осамнаа на профилите на Гаџа, веднаш станаа хит на социјалните мрежи.
Облечени во усогласени, софистицирани црни комбинации — Адријан во класичен елегантен костум со елек, а Сидорела во атрактивен црн свечен фустан, двојката се покажаа во впечатливо и хармонично издание.

Она што особено предизвика лавина од позитивни коментари и комплименти е неверојатната убавина и линија на Сидорела. Обожавателите не штедат пофални зборови за нејзиниот изглед, особено потенцирајќи дека изгледа прекрасно, свежо и зрачи со посебна енергија, иако само пред неколку месеци стана мајка.
За потсетување, парот ја круниса својата љубов со брак во февруари оваа година, а на 8 мај нивната среќа се дуплираше кога го дочекаа своето прво дете.

Пејачот неодамна сподели и неколку слатки моменти од домашната атмосфера каде што ужива во татковството со својот петмесечен син, докажувајќи дека семејната идила целосно му годи.
Синчето на Адријан Гаџа потпркна, па тато со гордост покажа како се чуваат и растат по дома
Судејќи по широките насмевки и погледите полни со љубов, Адријан и Сидорела навистина ја живеат својата бајка.
фото:facebook/ Adrijan Gaxha





