Пејачот Дадо Полумента и неговата сопруга Ивона имаат три деца, две ќерки и синот Исак, кој се роди пред четири месеци.
Гордите родители сега споделија фотографии со најмалиот член на семејството на социјалните мрежи, придружени со емотивна порака која ги воодушеви нивните следбеници.

„Поминаа четири месеци откако рацете ни се пополнија, деновите ни станаа понежни, а срцето уште малку поголемо. Со тебе сè е поубаво“, напишаа Дадо и Ивона покрај заедничките фотографии на кои го држат малиот Исак во прегратка.

Објавата набрзо го привлече вниманието на нивните следбеници, кои во коментарите им упатија бројни комплименти.

Да потсетиме, Ивона Полумента неодамна откри дека била итно оперирана, а по интервенцијата се огласи на социјалните мрежи и се осврна на коментарите за својот изглед.
„Мислите дека сега ми е важно дали имам шминка и како изгледам со неа или без неа? Токму за тоа зборувам. Никогаш не знаете низ какви битки минува некој надвор од социјалните мрежи, додека вие анализирате нечие лице, тело и недостатоци. Затоа, малку помалку злоба, а малку повеќе човечност.
Отидов на ултразвук, а лекарот забележа ситни камчиња кои се многу опасни бидејќи лесно можат да поминат низ жолчните канали и да оштетат други органи. Најлошо е што можат да го оштетат панкреасот, што е многу опасно. Лекарот утврди и почеток на воспаление на жолчното ќесе.
Сè помина во најдобар ред, фала му на Бога, и реагиравме навреме. Благодарна сум и на сите прекрасни луѓе кои ми пишуваат, прашуваат за мене и се грижат. Во вакви моменти сфаќам колку сум всушност среќна и богата со луѓето што ги имам околу себе“, напиша Ивона.






