Едно видео каде балканската ѕвезда Лепа Брена беше извадена од памет од само едно прашање, е главна тема која кружи во медиумите од регионот.
За интервјуто среде кое Лепа Брена се почувствува испровоцирано, па му удри шамар на водителот, не престанува да се пишува и коментира.
Имено, Брена многу се изнервира кога водителот ја праша каков и бил еден дечко во нејзината младост.
Понесена од емоциите, Брена дрско му одговори на водителот и му удри шамар, со што со својата постапка ја шокираше јавноста.
– Нели ти реков тоа да не ме прашуваш?! – рече таа, за потоа со сета сила да го удри водителот на емисијата, кој од јачината на ударот падна на подот.
Секако, станува збор само за шега и скеч кој го снимија како сон што водителот го сонува, а потоа доаѓа во нејзиниот апартман каде што започнува интервјуто.
фото:You tube printscreen/Press Pretres





