Водителката Душица Јаковљевиќ доживеала незгода при која се повредила.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Душица открила дека се повредила при пад по скали.
Фотографиите од повредите предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи, а нејзините следбеници се загрижиле поради она што го виделе.

Инаку, ова не е првпат водителката да ја загрижи јавноста поради својата здравствена состојба.
Неодамна таа објавуваше фотографии од здравствени установи, по што откри дека повеќе од една година се соочува со здравствени проблеми чија причина сè уште не е утврдена.
Проблемите дошле до израз и за време на неодамнешното водење на емисијата „Елита 10“ во живо, кога Душица поради ненадејно отекување на лицето морала накратко да се повлече од сцената.
За ова непријатно искуство проговори и самата водителка, откривајќи дека отокот значително ѝ ја отежнал работата за време на емисијата.
„Минатиот пат, кога ја водев емисијата, ми се појави оток на лицето, што многу ме загрижи и значително ми пречеше во работата во тој момент. Морам за првпат да откријам дека таа вечер, доколку не беше Дарко Танасиевиќ… Благодарение на него, неговиот професионализам и колегијалност, никој не забележа дека во еден момент од емисијата всушност воопшто ме немаше“, раскажа неодамна водителката.
foto: printscreen/instagram/dusicajakovljevic




