Малкумина знаат дека модната дизајнерка Верица Ракочевиќ (78) има роден брат и сестра. Тие речиси никогаш не се појавуваат во јавноста, а сега на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се Верица, нејзината сестра Славица и Елена Караман, ќерката на креаторката.
Трите позирале во кафуле, а неверојатно е колку си личат. Единствената разлика е во тоа што Верица е русокоса, додека нејзината сестра има црна коса и шишки.

Верица само еднаш проговорила за својата сестра Славица.
„Имав три години кога се роди сестра ми Славица. Мајка ми отиде во продавница, а јас се разбудив. Сакав да излезам надвор. Вратата беше заклучена и не знаев што да правам. Со раката го скршив прозорецот и сакав да ги изнесам лулката и сестра ми, а потоа и јас да скокнам по неа. Се разбира, на три и пол години не можев да ја кренам лулката.
Не знам како успеав да се провлечам низ стаклото. И ден-денес имам огромна лузна на стомакот. Скокнав низ прозорецот, а куќата беше приземна. Се сеќавам на таа слика – крвта почна да тече во млаз, а јас ја држев раната со раката. Мајка ми ме здогледа и веднаш ги испушти кесите“, се присетила Верица во една телевизиска емисија.
Foto: printscreen/facebook/Instagram/ verica.rakocevic





