Еден од најпопуларните и дефинитивно еден од најмистериозните македонски поп-пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, изминатиов викенд имаше прекрасен повод за славење.
Неговиот наследник, малиот Марко, го прослави својот втор роденден, а гордиот татко одлучи да ги сподели среќните семејни моменти со своите фанови преку социјалните мрежи.
Но, она што предизвика вистинско изненадување и лавина од коментари е фактот што поп-ѕвездата за првпат јавно ја покажа својата партнерка, мајката на неговото дете, иако од медиумите веќе беше познато дека тоа е неговата долгогодишна љубов Сава Грачанин за која пејачот се досега не откриваше јавно.

Ако претходно сè околу неговиот приватен живот беше целосна енигма, вешто криена од очите на љубопитната јавност, сега на фотографиите од роденденската забава јасно гледаме која е жената која го освои срцето на пејачот и му го подари најголемото богатство.
Станува збор за убавата Сава Грачанин, со која музичарот веќе подолго време ја споделува својата среќа далеку од естрадните светла.

Роденденска забава за малиот Марко била организирана на отворено, во автентичен амбиент на детско игралиште, со многу шарени балони и забавни активности прилагодени за најмладите. Како изненадување за децата, на роденденот се појави и омилениот суперхерој Спајдермен, кој лично дојде да му го честита денот на Марко и направи вистинско шоу.
На највпечатливите фотографии кои Лозано ги сподели на своите Инстаграм сториња, се гледа комплетната семејна идила во моментот кога присутните гости со аплауз им ја пеат роденденската песна. Гордата мајка изгледа беспрекорно и елегантно издание, додека Лозано зрачи со татковска гордост во лежерна црна кошула.

Сепак, најголема ѕвезда на денот беше малиот славеник Марко, кој за својот втор роденден беше дотеран мал фраер со црна кожена јакна, бела маичка и темни панталончиња додека позираше во прегратките на Спајдермен.
По долгогодишно успешно балансирање меѓу кариерата и приватноста каде семејството секогаш остануваше во сенка, Лозано конечно ги отвори социјалните мрежи за својата најголема љубов, покажувајќи дека убавите нешта се уште поубави кога ќе се споделат.
фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski





