Игор Џамбазов веќе некое време не е сам, ја има Ферхунде. Иако откако ја загуби својата миленичка, мачката Емилија, кажа дека не би можел да го отвори срцето за нов крзнен пријател, не излезе баш така.
Затоа, никогаш не вели никогаш, му се случи во пракса на Џамбазов, бидејќи не успеа да одолее на новата љубов, на единствената негова драга Ферхунде Граникова Џамбазова од „расата сретеновски вучјак“.
View this post on Instagram
Инстаграм профилот баш така инстантно почна да го полни со нови објави откако обзнани дека се решил да ја тргне од дојранските улици и лошиот ноќен живот.
На Ферхунде поубава судбина не можеше да и биде пишана. Игор веднаш се заложи да и биде најубаво, и да го живее најубавиот кучешки живот. Прегледана, избањата, нахранета и пред се’ облена со љубов, ма љубов како панаѓур, да и позавиди екс- дружината од дојранските улици.
View this post on Instagram
Е сега, дојде ред да се случи и Инстаграм крштевање, односно прва фотосесија на која Ферхунде позира, а Игор фотографира.
View this post on Instagram
Таа наместена како професионален модел со педигре, веќе подучена зашто има познат газда на кого мора да биде достоен репрезент. За се’ да биде регуларно и потврдено, Џамбазов мораше да побара „амин“ и од нашиот најдобар модел со Интернационална кариера, Катарина Ивановска бидејќио таа добро знае како изгледа и позира профи модел.
„Спиеш ли мирно“, ја прозва тој во коментар, на што таа немаше што да се мисли, Ферхунде е топ модел во шема без дилема.
Симболи со кренати дланки за секоја чест и чиста 10-ка, за убавицата и газдата кој доби потврда дека ја има најдобрата позерка!
фото:instagram printskrin/igordzambazov