Северина сподели со следбениците на Инстаграм како се опушта пред новите настапи. Пејачката, која ја очекува работен викенд со густ распоред на концерти, сега објави фотографии од џакузи.
На фотографиите позира во црн костим за капење, со очила за сонце и коса завиткана во крпа. Фотографиите се направени во вечерните часови, за време на зајдисонце.
Пејачката, инаку, често споделува моменти на опуштање, а во текот на летото објави низа фотографии од морето. Покрај една од летните галерии, напиша:
„Ова не е албум што е заборавен, туку лето што не се заборава… со моите најмили“.
На некои од летните фотографии позираше во друштво на кумата Андреа Чермак и внуката Миа Поповиќ.
Додека пак во една од објавите од родниот Сплит, таа порача:
„Одам да се фрлам во морето, бидејќи морето ќе однесе сè“.
foto: printscreen/instgaram/severina





