Пред почетокот на изминатото лето познатиот музичар и скопски угостител Адријан Гаџа отпочна нова животна етапа, стана сопруг и заплови во брачните води, а набрзо потоа стана и татко на син.
Убавата вест тогаш ја обзнани за јавноста преку социјалните мрежи, но без да открива повеќе детали, доволни беа само фоотогафиите да сведочат и говорат за убавините кои му се случуваат.

Сега, по шест месеци поминати во тишина и семејна хармонија, пејачот реши дека е вистинско време гордо да го запознае својот наследник со публиката, особено вака потпораснат, докажувајќи дека родителството е дефинитивно неговиот најголем животен хит.

Емотивните кадри од домот додека го држи синчето во рацете, го заспива, па го анимира со играчки, а меѓудругото и помага и на сопругата и тазе остварена мама, Гаџа наполни цела галерија покажвајќи со гордост како се чуваат и растат по дома.

Наспроти она што му го исполнува домот и срцето со љубов, Адријан позитивата ја пренесе и на сцена кога неодамна го видовме на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ.
фото:Facebook/ Adrijan Gaxha





