Радио Милева Блесна

Ги зголеми градите, па направи хаос на настанот: Сите гледаа во нејзиното бујно деколте

Ги зголеми градите, па направи хаос на настанот: Сите гледаа во нејзиното бујно деколте

Пејачката Кејти Пери успеа со атрактивна модна комбинација да ги привлече погледите на јавноста на еден настан.
Кејти Пери неодамна се појави на хуманитарната гала-вечер на фондацијата Rare Impact Fund во Холивуд. Настанот е посветен на менталното здравје на младите и има цел да собере финансиски средства за помош на луѓето кои се соочуваат со ментални проблеми.

На настанот присуствуваа и бројни познати личности, а пејачката Кејти Пери блесна на црвениот тепих.

За оваа пригода, таа избра креација со интересен крој што ги следи линиите на нејзиното тело и ја истакнува нејзината завидна фигура. Станува збор за црн фустан со прерамки, дело на турската дизајнерка Илкјаз Озел, кој го насочува вниманието кон градите.

Како што може да се забележи, горниот дел од фустанот е украсен со отвори и интересни бели машнички, кои му даваат женствена нота на ова монохроматско модно издание.

Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја остави слободно да паѓа, додека за шминката избра дискретни земјени тонови и црн ајлајнер.

 

foto: prinscreen/instgaram/katyperry

To top