Оливера Балашевиќ, вдовицата на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, ги разнежни своите следбеници со емотивна објава.
Таа сподели емотивно видео со својот внук Ѓорѓе, кој го доби името по славниот дедо и нејзин сопруг.
Оливера ужива во улогата на баба, а сега покажа како во прегратка го држи најмладиот член додека тој мирно спие.
Со описот „Дремка после ручек…“, таа нежно го ниша бебето во дворот, а она што на некои им донесе солзи на очите е песната која му ја пее тивко и со многу љубов.

Во прашање е познатата, топла приспивна песна „Ѓоле што го сакаат децата“, која некогаш нејзиниот покоен сопруг им ја пееше на генерации, а која сега, во изведба на Оливера за малиот имењак, носи сосема нова, емотивна тежина.
Преубавата сцена од дворот каде Оливера му испрати најнежни пораки на внукот, чувајќи го споменот на легендарниот Ѓоле преку музиката.

Оваа предизвика лавина од реакции и емотивни коментари на оние кои во ова видоа доказ дека духот на Ѓоле и понатаму живее преку неговото семејство и песните кои никогаш нема да стивнат.
Да потсетиме, малиот Ѓорѓе е син на синот на Ѓорѓе и Оливера, Алекса, и неговата сопруга Николина, а името што го носи има посебно значење за целото семејство и за јавноста.
фото:Instagram printscreen/ olivera.balasevic







