Победничката на реалното шоу „Елита 9“, Станија Добројевиќ, објави жешка снимка од Мајами на која целосно гола во станот пие кафе.
Старлетата позираше во луксузениот стан со пешкир на главата и целосно без облека, додека опуштено седеше покрај прозорецот и уживаше во утринското кафе.
Прекрасниот поглед на панорамата на градот падна во втор план поради нејзиното провокативно издание во кое за малку ќе покажеше премногу.

Жешките кадри во рекорден рок предизвикаа вистинска лавина од коментари и го вжештија Инстаграм, докажувајќи дека Станија и те како знае како да крене прашина и да го привлече вниманието на јавноста каде и да се појави.
фото:Instagram printscreen/stanijadobrojevic






