Откако стана мажена жена, за Антониа Гиговска одењето во „старото“ дома кај мама и тато е време кога може да се наврати на онаа топлина од детството, но и да се потпре на помошта кога е Киан во прашање.
Овој пат, одењето на добропознатиот терен под кровот на родителите, беше со една важна и голема причина со уште позначаен повод.
Пејачката го зеде синчето за рака и правец кај баба и дедо за да слават и да и ја пеат „среќен роденден“ на баба која го прослави својот јубилеен 60-ти родеден.

-Среќен роденден мама, да си најсреќна, те сакам бескрајно, напиша Антониа во описот на фотографијата.
А на славечичката од убаво- поубаво, да дува свеќи од роденденската торта со двете внучиња покрај себе.
Со најубавиот подарок од Бога, внукот од ќерка и внукот од син, баба не може да биде посреќна и поблагодарна кога ја слуша најубавата музика за уши од гласчињата на наследниците додека пеат специјално за неа.

А тие пак.. весели и како сите дечиња – едвај чекаат да дувнат додека мама и тета Антониа им кажува да пеат уште еднаш.
Поубаво, здравје!
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa





