Радио Милева размислува за оваа опција

„Подготвувам турнеја и проштален албум“: Ана Николиќ најави повлекување од музичката сцена

„Подготвувам турнеја и проштален албум“: Ана Николиќ најави повлекување од музичката сцена

Пејачката Ана Николиќ ги изненади своите верни фанови со изјава за проштален албум и концерт.

Иако со години се шпекулира дека Ана би можела наскоро да се повлече од естрадата, пејачката сега и самата потврди дека размислува за оваа опција. Ана неодамна во една емисија призна дека работи на проштален албум и на последни концерти.

— Навистина ѝ должам на публиката еден голем концерт, можеби и два или три во Белград, како и големи концерти во поголемите градови. Тоа ќе биде голема турнеја, која сега ја подготвувам со новиот, следен албум, веројатно и проштален — раскажала пејачката во емисијата „Ексклузивно“.

Пејачката додава дека ова не е првпат да размислува за повлекување од сцената, па сè уште не може со сигурност да потврди кои ќе бидат нејзините следни чекори во кариерата.

— Некако не се гледам на сцената по педесеттата година, да скокам по бини и да паѓам. Како што велеше баба ми: „И се влечеш по кабини“. Но, обично сама себеси се демантирам или публиката ме враќа. Ќе се случи нешто, ќе проработи некој инает во мене. Кревам раце од сè, сè ме нервира затоа што нешто не е како што сакам. Јас или правам нешто како што треба да се прави, или воопшто нема да го правам — рекла таа.

Како една од причините поради кои сака да ја заврши кариерата ја наведува и загубата на Марина Туцаковиќ, која ги напишала некои од нејзините најголеми хитови, како „Мишо мој“, „Ромале, ромали“, „Сакам да те гледам“ и многу други.

— Прво и основно е тоа што веќе ја нема Марина Туцаковиќ, таква жена се раѓа еднаш во милион години. Многу ми недостига, навикната сум таа да биде тука — нагласила Ана.

foto: printscreen/instagram/ananikolicofficial

To top