Ако мислевте дека популарната македонска снаа од Кенија, Емакулате Вендера Блажеска или попозната на Инстаграм како Ем Вандера, ги потроши сите адути со претходните кадри од плажа во Грција, сериозно сте се излажале!
Црномурестата Ем едноставно не знае да закочи кога е во прашање атрактивноста на социјалните мрежи.
Овој пат, згодната и егзотична инфлуенсерка и ТВ водителка објави ново „жешко стори“ со кое докажа дека не е потребно да се свртите со грб за да ги оставите следбениците без здив.
Позирајќи во лежерна и сензуална поза, Ем блесна во едноделен костим за капење со златно-блескав металик сјај кој совршено се стопи со нејзиниот чоколаден тен.

На главата носеше усогласена марама во нежни пастелни тонови, додека во позадина се слушаше и егзотично латино.
Со својот продорен и заводлив поглед, Ем испрати порака дека летото за неа нема крај, а нејзиниот сексапил буквално ги „заслепи“ нејзините илјадници следбеници. Инстаграм „изгоре“ од реакции, а коментарите со емотикони во форма на оган се нижеа еден по друг.

Дека е вистинска мајсторка за привлекување внимание, веќе одамна знаеме, но таа едноставно тоа го носи во себе!
фото:Instagram printscreen/emmvvandera




