Ким Кардашијан е хоспитализирана поради езофагитис, односно воспаление и иритација на слузницата на хранопроводот, а нејзината здравствена состојба особено го вознемирила семејството поради болното сеќавање на нејзиниот татко Роберт Кардашијан, кој во 2003 година починал од рак на хранопроводот на 59-годишна возраст.
Во најновиот трејлер за осмата сезона на реалити-програмата „The Kardashians“, Ким им откри на членовите на својот тим дека има езофагитис.
Во еден момент е прикажана како лежи во болнички кревет, додека медицинскиот персонал ѝ укажува помош.

– Имам нешто што се вика езофагитис – му рекла Ким на својот тим за шминкање.
Потоа една нејзина пријателка ја прашала дали станува збор за истата состојба од која починал нејзиниот татко.
Нејзината мајка, Крис Џенер, тешко ја поднела оваа тема.
– Не можам… од ова ми се плаче – рекла Крис Џенер.
Адвокатот Роберт Кардашијан светската слава ја стекнал како член на правниот тим кој го бранеше О. Џеј Симпсон за време на неговото многу следено судење во 1995 година. Сепак, со Симпсон бил пријател и пред судењето.
Роберт починал во 2003 година, четири години пред семејството Кардашијан да започне со снимањето на реалити-шоуто „Keeping Up With the Kardashians“, кое подоцна ги прослави ширум светот.
Ким во 2023 година во интервју за магазинот „GQ“ зборуваше за еден од последните разговори што ги водеше со својот татко пред неговата смрт.
– Знам дека ќе бидеш добро. Како да можам да видам што ќе се случи. Знам дека ќе бидеш добро, но само грижи се за твоите браќа и сестри. Само погрижи се за нив – ѝ рекол тогаш Роберт.
Ким објаснила дека неговите зборови ги сфатила како порака дека во животот ќе биде добро, но дека истовремено тие ја навеле поинаку да носи одлуки.
– Тоа што ми го кажа го сфатив како дека ќе бидам добро во животот. Но поради тоа почнав поинаку да носам одлуки – рекла Ким.
foto: printscreen/The Kardashians и Hulu/ Facebook




