За познатата македонска ТВ водителка, модел, инфлуенсерка Марјана Станојковска, денот веројатно никогаш во блиско минато не и почнувал порано, и се’ тоа откако неодамна стана водителка и на утринската програма на МРТ 1 – „Добро утро Македонијо“.
Иако сме навикнати да ја гледаме како Лото девојка каде со возбуда и нетрпение ги кажува среќните броеви од топчињата, сега Марјана носи нова возбуда и кај ранобудниците кои сакаат да ги проследат најновите информации и општествено интересни теми.

Сега Марјана е синхронирирана со новите работни обврски, а синхронизацијата ја има и во студио каде е во пар со водителот и колега Ненад Ѓорѓиевски.
Складени од сценариото на денот, но и од она што модно и визуелно треба да рефлектираат како лица претставници од националниот јавен сервис.

Марјана редовно во дамски елегантни комплетчиња, а Ненад во класични костуми соодветни за времето и местото.
За мала промена и искучок од редовната модна пракса на долги фустани, и миди здолништа, Марјана неделава утрово го почна во кусо црвено мини здолниште кое ги откри нејзините долги и вити нозе кои беа од утринскот фокус за расонување.

Глетка за широко отворени очи и за чиста петка.
А утринската, никогаш поефектна и примамлива за задржување внимание меѓу телевизиската конкуренција.
фото:Instagram printscreen/dobro_utro_makedonijo/marjanamay





