Неда Украден го замени летувањето покрај море со планинскиот мир на Ртањ, а новите фотографии на кои е во костим за капење брзо го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Додека некои ја опсипуваа со комплименти, други поттикнаа дебата за изгледот на фотографиите.
Покрај објавата таа испрати и порака: „Збогум море, одам во планинa!“, покажувајќи им на следбениците како ужива во мирен одмор, кој самата го опиша како „одмор за душата и телото“.
На една од фотографиите Неда се опушта во џакузи со пијалак во раката, додека на друга позира на балконот со поглед кон базените и зелените планински предели.
Друштво во текот на одморот ѝ прави и нејзиниот мал јоркширски териер.
Хотелот што Неда го избрала за својот одмор се наоѓа во подножјето на Ртањ, планина позната по специфичниот пејзаж, но и по бројните легенди што со години се поврзуваат со неа.
Фотографиите очекувано предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи. Следбениците во коментарите ја пофалија Неда за изгледот и стилот, а меѓу пораките можеше да се прочитаат и „Дама со стил“ и „Прекрасна и неповторлива“.
Една обожавателка нејзиниот одмор го поврзала и со нејзиниот актуелен албум, па ѝ напишала: „Баш како што вели песната – Своја на своето“.
Многумина се осврнаа и на нејзиниот младешки изглед. Сепак, покрај бројните комплименти, се појавија и коментари во кои дел од следбениците се посомневале дека фотографиите се обработени.
„Неда е безвременска кралица, ѕвезда, но навистина нема потреба од фотошоп“, напишал еден од следбениците.
Со години, Неда Украден е една од регионалните ѕвезди кои се мошне активни на социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од своите патувања, настапи и приватни собири. Судејќи според реакциите на нејзината најнова објава, интересот на јавноста за нејзиниот живот не покажува знаци на опаѓање.
Foto: printscreen/instagram/neda.ukraden







