Промотер

Дејан Тасев со нова песна и вечната дилема – „Љубов или навика“ (ВИДЕО)

Дејан Тасев со нова песна и вечната дилема – „Љубов или навика“ (ВИДЕО)

Македонскиот музичар Дејан Тасев го претставува својот најнов сингл „Љубов или Навика“, песна која зборува за една од најтешките дилеми во љубовните односи – кога чувствата почнуваат да се губат, а останува прашањето дали тоа што ги поврзува двајца луѓе е уште љубов или само навика.

„Љубов или Навика“ носи емотивна приказна со која лесно може да се препознае секој кој некогаш се нашол во врска во која повеќе не е сигурен што навистина чувствува.

Песната е авторско дело на Дејан Тасев кој ги напишал музиката и текстот, додека аранжманот го потпишува Роберт Билбилов.

 

Едноставнота визуелизација на песната во вид на видео референца ја снимиле Генерал филм студио на Дарио Јанковиќ кој ја потпишува и режијата. Во видеото покрај Дејан и неговиот придружен бенд се појавува и младиот модел, убавата и харизматична Јована Величковска.

 

За Дејан Тасев, ова е уште една авторска песна со која продолжува да го гради својот музички пат и да ја доближува својата музика до публиката.

Песната е достапна на музичките платформи, а заедно со неа е објавен и официјалниот видеоспот на YouTube,  а вие проследете го во продолжение…

 

To top