Старлетата и поранешна учесничка во реални шоуа, Милица Живановиќ, попозната како Мими Оро, објави радосни вести и соопшти дека е бремена.

Таа се повлече од јавноста, а сега на Инстаграм објави фотографија на која го покажува трудничкиот стомак.

Мими Оро позираше во цветен фустан, држејќи се со раката за трудничкиот стомак и не симнувајќи ја насмевката од лицето.


„Не плаши се, само верувај. Бог е поголем од сè. Она што е од Бога ќе остане, она што не е – ќе пропадне. Најубавиот подарок е кога некој му се моли на Бога за тебе. Оној што простува победува некои работи за кои Бог знае дека заслужуваш подобро. Колку и да сме сами, Бог е голем“, напиша таа, додавајќи емотикони од бремена жена и срце.

Printscreen/Instagram/mimi_oro_milica





