Познатата пејачка Ана Бекута го напушта музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ по цели 12 години соработка.
По овој повод, фолк-ѕвездата се огласи со официјално соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:
View this post on Instagram
„Во жирито на музичкото натпреварување ‘Ѕвездите на Гранд’ влегов во 2014 година на покана на Саша Поповиќ, кој сметаше дека поради големиот број мои песни кои кандидатите ги изведуваат, би било најдобро и јас да ги оценувам. По 12 години, сметам дека е дојдено време да направам пауза во најгледаниот музички формат, кој и на мене самата многу ми донесе. Повеќе од една деценија несебично со младите изведувачи ги споделував сите тајни на пејачкиот занает. Особено сум горда на сите млади луѓе кои поминаа низ моето менторство. Оваа одлука нема никаква врска со преминување во некое друго жири, туку на прво место се однесува на мојот однос кон кариерата. Покрај новиот албум кој вредно го подготвувам, во план се и нови концертни активности за кои сум сигурна дека ќе ја изненадат мојата публика.Им се заблагодарувам на колегите и на продукцијата на натпреварувањето ‘Ѕвездите на Гранд’ за годините успешна соработка и им посакувам сѐ најдобро“- стои во соопштението на бекута за јавноста.
Кој се’ќе седи на столчето за жирирање од популарното музичко шоу, останува да видиме…
фото:Instagram printscreen/zvezdegranda/anabekuta1





