Најпознатата Кенијка во Македонија, атрактивната Емакулате Вендера Блажеска или позната на социјалните мрежи како Ем Вандера, повторно успеа да го сврти вниманието на јавноста и да ги „запали“ социјалните мрежи.
Овој пат, таа сподели кадри од своето летување во познатиот Сахара ресорт бич бар, каде ужива во друштво на своите црномурести пријателки. Дека летото сè уште трае со полна пареа докажуваат токму нејзините последни објави.

Ем, која ја знаеме како ТВ-водителка и инфлуенсерка со шарм и харизма, покажа дека освен со хумор и позитивна енергија, располага и со брутални атрибути.
Една конкретна фотографија стана апсолутен хит – Ема позира во ходникот на ресортот, облечена во провокативно едноделно брутално секси леопард танга бикини, каде нејзиниот раскошен и совршено обликуван задник е ставен во преден план.

Ваквото нејзино издание ја истакна нејзината раскошна, расна појава која никого не остава рамнодушен, особено мажите кои протрија очи од глетката.
И додека другарките на плажа буквално „заспаа од уживање“ како што самата Ема се пошегува на своите сториња со натписот „Реков дека ќе спијат на плажа, познатата кенијско-македонска снаа реши максимално да го искористи времето за правење брутални фотки кои ја вжештија атмосферата на интернет.

За оние кои можеби не знаат, Емакулате веќе неколку години живее во Скопје. Таа дојде во име на љубовта, омажена е за нашиот Михајло Блажески и ја имаат преслатката ќерка Дариа. Таа стана вистинска сензација кај нас откако гордо облече македонска народна носија, заигра во дворот на песната „Македонско девојче“ и прослави за добивањето на своето македонско државјанство, изјавувајќи дека „веќе била Македонка во срцето, а сега е и официјално“.
Нејзините забавни видеа каде што учи македонски фрази или ја снима својата свекрва, редовно ги смеат и ги радуваат нејзините илјадници следбеници.

Се чини дека Ема одлично ги научила лекциите од македонскиот менталитет: ако одиш на плажа и не ги натераш сите да се свртат по тебе, како воопшто да не си бил на одмор!
На сопругот Михајло сигурно не му е лесно со ваква атрактивна сопруга!
фото:instagram printscreen/emmvvandera





