Поранешниот фронтмен на „Бијело Дугме“ и „Дивље јагоде“, пејачот Ален Исламовиќ, веќе со години освен со музика се занимава со уште една, сосема поинаква работа, со која сега се пофали на социјалните мрежи.
„Добре дојдовте на мојата плантажа“, вели Ален на почетокот на видеото во кое ја покажа својата импресивна плантажа со лешници.
„Јас сум и земјоделец, човек кој се впушти во авантура на одгледување лешници. Навистина ми е убаво кога ќе дојдам овде. За овој мој дел од животот многу луѓе не знаат, но еве, јас овде си го најдов својот мир и добро ми доаѓа повторно да наполнам енергија за идните нови концерти“, вели тој, а во описот на објавата откри уште еден занимлив податок за својот втор бизнис.
„Ако јадете Нутела, можеби во неа се токму моите лешници. Веќе долг низа години имам плантажа со лешници. Тоа е место каде што се опуштам, се тргам од секојдневната бучава и минувам време во природа. Овде сум свој на своето, во склад со природата, а патем останувам и физички активен“, напиша Ален.
View this post on Instagram
„Браво Ален“, „Ти посакувам секаква среќа“, „Само така продолжи“, му пишуваа обожавателите. Според пишувањата на регионалните медиуми, Исламовиќ од плантажата наводно заработува многу добрo и неговиот годишен приход, во зависност од времето и количината на родот, достигнува и до 50 илјади евра.
Плантажата ја направил на земја која ја наследила неговата сопруга Марјана.
„Сопругата наследи дел од земјата во Бихаќ, а дел купив јас. Анализата на почвата покажа дека песочната почва е идеална за одгледување лешници. Реката Уна се наоѓа во близина и по се изгледа овде некогаш било нејзиното езеро“, откри во една пригода Ален, па призна дека пред тоа не знаел многу за одгледувањето лешници:

„За лешниците не знаев речиси ништо, освен што како дете доаѓав да ги берам.“
Претходно се пофали и дека сортите на лешници кои ги одгледува се најбарани на светскиот пазар за фабриките за чоколадо, преработка на ликери и производство на масло. Во една пригода за домашните медиуми откри и дека сортата што ја одгледува се нарекува „Лешниците на Тито“, затоа што Тито им наложил на своите агрономи да му одгледаат сорта која би можела да успева во вакви подрачја.
фото:Instagram printscreen/alenislamovic_official/facebook






