Промотер

„Yin & Yang“ е новото музичко издание на Лука Стојмановски – LUCE (видео)

„Yin & Yang“ е новото музичко издание на Лука Стојмановски – LUCE (видео)

Македонскиот музички артист Лука Стојмановски, попознат во јавноста како LUCE, ја изненади публиката со својот најнов проект насловен како „Yin & Yang“.

Станува збор за песна која носи свежа, модерна енергија која е комплетирана со официјален видеоспот изработен во врвна 4К продукција.

Видеото носи силна визуелна приказна која перфектно ја следи и ја надополнува автентичната атмосфера на самата композиција.

Зад продукцијата на „Yin & Yang“ стои Бастикоко (Bastikoko), додека комплетен автор на музиката и изведувач е самиот LUCE. Комплетното снимање, аранжманот, миксот, мастерингот, како и звучните ефекти и снимањето на вокалите се со потпис на музичкиот професионалец VMS.

За кадрите и монтажата на видеото се погрижија Милан Богдановски и Миливојевиќ, додека сценариото за спотот го изработи Никола Давитков.

Со ова ново и амбициозно издание, LUCE докажува дека храбро и успешно продолжува да гради сопствен музички и визуелен идентитет на нашата сцена. Новиот видеоспот за „Yin & Yang“ веќе е достапен за слушање и гледање на неговиот официјален Јутјуб канал.

фото:you tube printscreen/Luce and MEDIATOR

To top