Познатата 29-годишна ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер повторно успеа да го сврти вниманието на јавноста кон себе, отворено зборувајќи за своите планови кога се во прашање естетските корекции.
Во последното гостување во подкастот „Better Half With Stas and Vic“, таа призна дека сè уште не е целосно задоволна од изгледот на своето деколте.„Сакам да бидат поголеми и поизразени. Сакам да влезат во просторијата пред мене“, се нашали Кајли низ смеа. Таа откри дека веќе една година постојано им ја споделува оваа желба на нејзините блиски пријателки Анастасија „Стаси“ Караниколау и Викторија Вилароел.

Ставовите на Кајли за менувањето на сопственото тело често варираа низ годините. Иако во 2023 година јавно се покаја што ги зголемила градите на само 19-годишна возраст, советувајќи ги младите девојки да почекаат со таквите одлуки додека не станат мајки, сега таа повторно сака да замине под нож.

Иако нејзиниот план за уште поголеми гради е дефинитивен, таа сепак изјави дека новата хируршка интервенција „веројатно нема“ да се случи пред да наполни 30 години.Наместо тоа, за претстојниот јубилеен роденден, Кајли има на умисла нешто многу помалку инвазивно, но подеднакво привлечно: дијамантски пирсинг на папокот. Како што самата вели, едноставно сака да го доживее тоа искуство во овој период од животот.
фото:You tube printscreen/Better Half with Stas & Vic/kyliejenner






