Пејачката Рада Манојловиќ денес на 25- ти август, го слави својот 41-ви роденден, а многумина имаа што да кажат за нејзиниот изглед, сега кога влезе во петтата деценија.
Имено, Рада Манојловиќ објави фотографија од својот летен одмор, на која позира во минијатурно бело бикини. Покрај својот исончан тен, Рада го покажа и своето затегнато тело, без грам целулит.
Бидејќи не објавува често вакви фотографии на социјалните мрежи, фотографијата предизвика лавина од коментари: „Најубавата“, „Вау“, „Едноставно природна убавина“, беа само некои од нив.


Рада никогаш не ја симнува насмевката од лицето, а без ни трошка шминка, овој пат позираше и докажа дека не се грижи за ситни несовршености, туку напротив, максимално ужива во својот изглед.
Рада, која е позната по тоа што коментира за себе и за својот живот без трага од сарказам, еднаш коментираше за својот изглед во периодот кога доби неколку килограми вишок, кои потоа успешно ги изгуби.
– Единственото нешто што ми порасна се задникот и градите. Имам среќа што кога ќе се здебелам неколку килограми, над мојата идеална тежина, тие одат точно таму каде што треба да одат. Слушнав приказни дека ми ставиле силиконски импланти во градите и задникот, но тоа се глупости. Само се смешкам и продолжувам да јадам – вели пејачката, која од самиот почеток на кариерата нагласува дека е поддржувач на природниот изглед.
Foto: print screen/Instagram/Rada Manojlovic





