Пејачката Ана Севиќ привлече големо внимание од јавноста со фотографиите од летниот одмор на кои позира во бикини.
Ана е на одмор со сопругот Данијел Недељковиќ и нивните деца, а секоја нејзина објава од крајбрежјето предизвикува бројни реакции кај следбениците на социјалните мрежи.
Овој пат, „џебната Венера“ позираше во сино бикини додека се лади во кристално чистото море. Иако е на прагот на петтата деценија и има три деца, Ана Севиќ (40) може да се пофали со беспрекорна фигура и стегнати стомачни мускули.
Воодушевените следбеници веднаш ја обсипаа со комплименти, истакнувајќи дека изгледа фантастично и многу помлада. Атрактивната бринета уште еднаш докажа дека посветеноста и здравиот начин на живот се клучот за нејзиниот совршен изглед.
View this post on Instagram
Да ве потсетиме дека Ана ја имаше својата најстара ќерка Лорена од бракот со колегата Дарко Лазиќ, додека Сена и Симона ги имаше со сегашниот сопруг Даниел Недељковиќ. На свадбата на нејзиниот поранешен сопруг, Ана зборуваше за нивната врска.
– Јас само правам што чувствувам, го живеам животот по свои правила. Дојдов со мојот сопруг Даниел, заедно сме на секоја прослава, никогаш не би донела таква одлука сама да дојдам на свадбата на мојот поранешен, сè организираме заедно како семејство. Тоа е нормално за нас, да се договориме и да одиме таму каде што сакаме двајцата – рече еднаш Ана Севиќ.
Foto: Printscreen/Insatgram/anasevicofficial






