Мегафон

Интерактивна детска работилница

Интерактивна детска работилница

Во рамки на програмата на „Карпошово културно лето“, на локацијата „Фонтана“ во населбата Карпош 3, се реализираше проектот „Нашето Маало – детска интерактивна просторна инсталација“, организиран од архитектката Ружица Ивановиќ.

Во рамки на интерактивната работилница, најмалите карпошани имаа можност преку игра, цртање и креативно изразување да изработуваат макети и да создаваат сопствени замисли за просторот што ги опкружува.

На овој начин, децата го развиваа и поттикнуваа својот креативен потенцијал, истовремено дружејќи се и учејќи преку интересни и едукативни активности.

Работилницата помина во позитивна и инспиративна атмосфера, исполнета со детски насмевки, креативност и дружба, потврдувајќи ја важноста на ваквите содржини во поттикнувањето на детската фантазија и творечкиот дух.

фото:Општина Карпош

To top