Радио Милева маките на „обичните смртници“

По одмори се ближи работен старт, а на Лила како и на многумина и станува од тешко, потешко, арно ама има и едно решение…

По одмори се ближи работен старт, а на Лила како и на многумина и станува од тешко, потешко, арно ама има и едно решение…

Македонската ТВ-кралица Лила Филиповска уште еднаш докажа дека покрај гламурот, нејзиното најсилно оружје се смислата за хумор и способноста да се поврзе со секојдневните маки на „обичните смртници“.

Откако изминативе месеци буквално го прошета светот и ги полнеше батериите уживајќи на луксузни дестинации како преубавиот Бодрум, Турција, дојде моментот за кој никој не е подготвен – враќањето на работните обврски во Сител и студиото на „Се или нешто“.

Како и за сите нас, така и за неа, транзицијата од плажа, палми и тиркизно море во студио и деловно секојдневие паѓа исклучително тешко. Во свој препознатлив стил, Лила на социјалните мрежи сподели урнебесно стори кое совршено го опишува „постодморскиот блуз“:

„Враќањето на работа би требало да биде како во градинка: денес одам еден час, следната недела два, а ако плачам – пратете ме дома.“- мислејќи на адаптацијата, секако!

Иако оваа генијална формула за адаптација е тешко остварлива во реалниот деловен свет, дефинитивно измами насмевки кај нејзините бројни следбеници кои веројатно минуваат низ истата ментална битка.

Ако погледнеме наназад, зад Лила е уште едно незаборавно лето со стил. Таа со недели ја воодушевуваше јавноста со своите беспрекорни летни модни изданија, позирајќи на егзотични плажи и покрај базени во луксузни комплекси.

Од прекрасните летни денови исполнети со сонце, па сè до опуштените ноќи поминати со пријателите, водителката максимално ја искористи летната магија пред да им се врати на камерите и на новите телевизиски ангажмани.

Со ваков позитивен и шеговит дух, сигурни сме дека и враќањето во реалноста ќе ѝ помине со леснотија, а сигурно сме и дека нема да помине уште многу време за повторно „да му ја летне“ некаде!

фото:Instagram printscreen/
lilafilipovska

To top