Пејачката Марина Висковиќ привлече големо внимание од своите следбеници со новата објава на социјалната мрежа Инстаграм. Марина покажа како тренира на плажа, и тоа во костим за капење, а нејзиниот изглед повторно беше во центарот на вниманието.

Пејачката сними дел од својот тренинг додека уживала покрај морето, а следбениците веднаш ја забележаa нејзината витка и атлетска фигура.

Сепак, се чини дека најголемо внимание привлекoa нејзините изразени стомачни мускули. Марина е позната по тоа што се грижи за својот изглед и физичката форма, а со ова видео уште еднаш ги покажа резултатите од својот труд и посветеноста на тренинзите.

Додека таа беше фокусирана на вежбањето, следбениците не можеа да не ја забележат нејзината извајана фигура, особено стомакот, кој привлече бројни погледи.

Објавата очекувано предизвика големо внимание на Инстаграм, а коментарите и комплиментите за нејзиниот изглед само се нижеа. Марина така уште еднаш покажа дека тренингот и здравите навики не се само моментален тренд, туку дел од нејзиното секојдневие.
printscreen/instagram/marina_viskovic_official






