Познатата пејачка Неда Украден неодамна го прослави својот 76. роденден, а посебниот ден го помина опкружена со најблиското семејство и пријателите. Нејзиниот зет јавно ѝ го честиташе роденденот со емотивна порака.
Неда на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата од прославата, на која се гледа како во кругот на најблиските ги дува свеќичките на роденденската торта. Честитки и убави желби пристигнувале од сите страни, а пејачката уште еднаш покажала колку ѝ значи семејството.
Меѓу првите кои јавно и на исклучително емотивен начин ѝ го честитаа роденденот на Неда беше и нејзиниот зет Пеца Миновиќ.
Пеца на својот профил на Инстаграм сподели нивна заедничка фотографија направена покрај морето и ѝ упати зборови кои трогнаа многумина.

„Денес сакам да ти кажам нешто што можеби не го кажувам доволно често – бескрајно сум ти благодарен за сè што направи за мене и за нашето семејство. Ти благодарам за твојата љубов, добрина, пожртвуваност и за тоа што секогаш си тука кога е потребно“, започнал тој.
Пеца потоа истакнал колку Неда му значи и колку е горд на нивниот однос.
„Горд сум што можам да те наречам своја мајка, но уште повеќе сум среќен што можам да те наречам пријател и член на моето најблиско семејство. Пред сè ти посакувам здравје, среќа, мир и уште многу години исполнети со љубов, насмевки, добри песни и луѓе кои те сакаат. Те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден! Те бакнува зетот“, додал тој.
Инаку, Неда Украден овие летни денови ги поминува во Бока Которска, каде што ужива покрај морето.
Foto:Printscreen/Instagram/pecamand/nedaukraden






