Алексеј Бјелогрлиќ на Инстаграм сподели цитат од филм во кој игра Тања Бошковиќ, што веднаш ги заинтригира неговите следбеници и покрена прашања кому всушност се наменети овие зборови.
Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, моментално ужива на море со Алексеј Бјелогрлиќ, со кого започна љубовна романса која привлече големо внимание во јавноста. Двојката веќе извесно време престојува заедно на црногорското приморје, а Алексеј во неколку наврати сподели нивни заеднички моменти.
Сепак, последната објава на младиот актер особено ги заинтригирала неговите следбеници.
Алексеј на Инстаграм споделил исечок од филм во кој игра Тања Бошковиќ, годинашната добитничка на наградата „Павле Вуисиќ“ за животно дело во глумата, а покрај снимката напиша реченица која веднаш предизвика бројни прашања.
„Срцето одамна ми претчувствува дека на сè ќе му дојде крај…“, напишал Алексеј покрај исечокот од филмот.

Со оглед на тоа што моментално е во врска со Сара Јо, многумина се запрашале дали неговата објава крие некаква посебна порака или едноставно станува збор за цитат кој му се допаднал.
Инаку, Алексеј на својот профил на Инстаграм сподели заедничка фотографија со Сара Јо, на која двајцата позираат насмеани. За излегувањето избрале бела комбинација. Алексеј носел беж панталони и бела раскопчана кошула, додека Сара блескала во бело мини здолниште и бела маичка.

Да потсетиме, Сара Јо неодамна стави крај на петгодишната врска со кореографот Жига Сотлар. Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, а многумина веруваа дека врската ќе ја крунисаат со брак.
Сепак, по пет години заеднички живот, нивната врска заврши, а Сара набрзо по раскинувањето започна романса со Алексеј Бјелогрлиќ. И Алексеј не останал долго сам, бидејќи пред Сара ја прекинал врската со манекенка, по што ја започна љубовната приказна со популарната пејачка.






