Радио Милева Моден момент

Сандра Африка со вртоглави потпетици од 20 сантиметри: „Ако ја скршам ногата, да знаете зошто!“(видео)

Сандра Африка со вртоглави потпетици од 20 сантиметри: „Ако ја скршам ногата, да знаете зошто!“(видео)

Снимката од пејачката Сандра Африка како се обидува да оди во чевли со вртоглаво високи потпетици од дури 20 сантиметри го преплави интернетот и привлече големо внимание од јавноста.

Сандра се подготвувала за едно гостување, при што се пресоблекувала и менувала обувки, а особено внимание привлекоа огромните потпетици со проѕирен дел.

Пејачката се обиде да се снајде во исклучително високите чевли, а целиот момент беше снимен со камера.

Сандра, позната по своите смели модни комбинации и впечатливи појавувања, уште еднаш покажа дека не се плаши од модни предизвици, но овојпат токму обувките беа во центарот на вниманието.

„Ако ја скршам ногата, да знаете која е причината! Лесни 20 сантиметри!“, напишала таа во објавата, по што следуваа бројни коментари.

@sandraafrikamusic

Ako slomim nogu, da znate uzrok! 😄😂

♬ original sound – Sandra Afrika

Многумина се пошегуваа со висината на потпетиците, додека други ја пофалија пејачката што успева да изгледа самоуверено и во вакви обувки, иако одењето во нив не е воопшто лесно.

foto: printscreen/instagram/sandraafrika

To top