Пејачката Андреана Чекиќ за прв пат откри болни детали од детството и откри дека со години не го видела својот татко.
Адреана Чекиќ откри дека имала само две и пол години кога нејзините родители се развеле, по што таа и нејзината мајка заминале во Виена каде го продолжила животот, а дури по неколку години го видела својот татко од кого не ја ни добила прегратката за која мислела дека ја заслужува.
– Кога се родив и кога моите родители се разделија, со мајка ми отидовме во Виена и тогаш почна сосема поинаков период од животот. Многу страдав, изјавила Чекиќ за Република и додала:
– Моите родители раскинаа многу грдо, лошо, не раскинаа на начин што ќе ми олесни. За жал, меѓусебно се навредуваа. Не смеам да бидам неискрена… тоа баш и не ми се допадна. Мислам, кој би го сакал тоа. Бев сведок на тоа. Фала му на Бога, немаше насилство, но кога со мајка ми заминав во Виена, никогаш не се зборуваше добро за него, ниту за мајка му. Тоа ме повреди и ме боли и денес.
– Се сеќавам на средба со него затоа што не ме ни препозна, бидејќи наеднаш бев многу поголемо дете отколку што се сеќаваше. Ме чекаше на автобуската станица. Се сеќавам дека бев многу нервозна и сакав да го гушнам и да го видам, но чувството кое беше реално на крајот беше сосема поинакво во смисла дека не ја почувствував љубовта од него што ја очекував – кажала Андреана и почнала да плаче.
– Не можам да кажам дека татко ми не ме сакаше, мислам дека можеше да биде малку поемотивно и подобро – со плачлив тон изјавила пејачката.
фото: printskrin/nstagrtam/andreanacekic