Пејачката Марија Шерифовиќ е многу популарна на Јутјуб, каде што нејзините видеа и блогови имаат милионски прегледи, па покрај музиката, тоа е уште еден начин на кој заработува.
Марија отворено зборуваше за својата активност на оваа платформа. Иако нејзините видеа се исклучително популарни, таа не се смета себеси за јутјуберка и не би сакала така да ја нарекуваат.

Пејачката открила како дошло до тоа да започне да снима видеоблогови, кои публиката се навикнала да ги гледа секоја недела и со нетрпение ги очекува.
„Голем број луѓе коментираат нешто во стилот: „Срам ми е да признаам дека го правам тоа поради пари“. Не го правам тоа поради пари, навистина е од забава. Се покажа дека на луѓето им се допаѓа и тоа е тоа. Не би го нарекла своја професија. Ми беше ужасно досадно, ми недостигаа пријателите, патувањата, мојата публика. Подготвена сум на тоа дека можеби нема да работам до летото или есента следната година, можеби ќе се случат некои мали чекори. Не сум оптимист, извинете, би сакала нешто да ме изненади“, рекла пејачката своевремено за „Пинк“.
Во меѓувреме, нејзиниот канал стана еден од најпопуларните во земјата, па со тоа и приходите што ги остварува од него се значаен дополнителен извор на заработка.
На нејзиниот канал можат да се најдат видеа од патувања, секојдневни активности, дружења и различни ситуации од нејзиниот живот.
FOto: Printscreen/Facebook/Marija Serifovic







