Радио Милева прва фотографија од новите силикони

Јована Јеремиќ се огласи од болница по естетската операција

Јована Јеремиќ се огласи од болница по естетската операција

Водителката Јована Јеремиќ се огласи од болница со силна порака, каде што се опоравува по естетска операција.

Јована Јеремиќ се подложила на естетска операција за зголемување на градите, а моментално се опоравува во болнички кревет. Од болничката соба сподели фотографија со директна порака за автентичноста и прифаќањето на себеси.

„Враќање кон себе. Не мора никому да му објаснуваш која си. Доволно е да престанеш да бегаш од себе. Никогаш да не се намалуваш себеси за да не бидеш премногу. За кого си премногу, тој не е за тебе“, напиша водителката.

На фотографијата што ја објави веќе може делумно да се забележи резултатот од операцијата, а бројни следбеници коментираa дека, според нив, избрала соодветна големина.

Инаку, Јована по операцијата откри дека одлуката ја донела исклучиво заради сопствено задоволство и дека нејзиниот партнер Милош немал никаква врска со нејзината одлука.

To top