Пејачката Анастасија Ражнатовиќ се породи пред речиси еден месец на приватна клиника во Шпанија, каде на свет го донесе синот Илијан, кој го доби со својот сопруг, познатиот фудбалер Немања Гудељ. Таа сега го објави својота прва видеоснимка по породувањето и на јавноста ѝ покажа како изгледа во моментов.
Имено, Анастасија моментално ужива на море заедно со Немања и нивниот син, од каде редовно се огласуваше, но сега за првпат се сними себеси за време на една опуштена шетачка рута.

За оваа прилика таа носела едноставна и лежерна модна комбинација составена од крем памучна маичка и крем панталони со висок струк. Комплиментите на сметка на нејзиниот изглед веднаш почнаа да се нижат под објавата, а сите коментираат дека младата мајка експресно ја вратила својата линија во првобитната состојба и дека изгледа како воопшто да не била бремена.
За престојот во Севиља неодамна јавно проговори и нејзината мајка, балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, која откри детали за тоа како изгледале деновите со најновиот член во нивното семејство.
Цеца истакна дека иако не го видела многу морето, си поминала прекрасно во друштво на својата ќерка, зетот, внукот и пријателите, нагласувајќи дека сега се една огромна и пресреќна фамилија. Таа додаде дека малиот Илијан ужива како вистински принц, постојано го држат во раце, а тој како и секое бебе само јаде и спие, што ѝ помогнало максимално да ги наполни батериите пред посветувањето на нејзиниот нов студиски албум.

Посебна радост ѝ донело дружењето со внукот, а Цеца низ насмевка прокоментира дека веќе е добро испрактикувана бидејќи ова ѝ е четврти внук по ред. Кога го зела во раце, постарите тројца внуци во споредба со бебето ѝ изгледале како џинови, па со задоволство го носела, го галела, го хранела и го пресоблекувала.
Цеца ја пофали Анастасија дека одлично се снашла во улогата на мајка и дека немала потреба да ѝ дава совети бидејќи жените имаат вроден мајчински инстинкт. На крајот, таа со шега заклучи дека бебето во моментов личи и на мајката и на таткото бидејќи сè уште се менува секој ден, но дека таа веќе точно знае на кого всушност ќе наликува во иднина – на самата баба Цеца.
фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija





