Радио Милева носталгија

Вирален емотивен бум: Каролина Гочева се прегрна со помладата верзија од себе – еве што би ѝ шепнала денес… (видео)

Вирален емотивен бум: Каролина Гочева се прегрна со помладата верзија од себе – еве што би ѝ шепнала денес… (видео)

Новиот емотивен интернет тренд кој ги преплави социјалните мрежи не ја заобиколи ниту нашата најголема поп-дива Каролина Гочева.

Сè повеќе светски и домашни познати личности го користат напредниот социјален AI тренд познат како „Гушни го помладиот себе“, каде со помош на вештачка интелигенција се спојуваат две фотографии од различни периоди во животот.

Како резултат се добиваат неверојатно реалистични видеа на кои денешните верзии на луѓето се прегруваат со своите помлади верзии од детството или младоста.

Македонската пејачка сподели видео на својот Инстаграм профил кое веднаш предизвика лавина од емоции, лајкови и коментари кај нејзините обожаватели. На објавените кадри се гледа денешната, созреана Каролина, препознатлива по својата елеганција, раскошна убавина и грациозност, како стои до малата Каролина од почетоците на нејзината кариера во 90-тите години.

Моментот кога помладата верзија ја прегрнува денешната успешна жена е вистински емотивен бум кој никого не го остави рамнодушен. Она што дополнително ја загреа атмосферата и ги разнежни сите е краткиот, но моќен опис кој беше споделен на самото видео:

„Ах… што сè би му шепнала на детулево од десно…“, проследен со емотикони кои симболизираат љубов и носталгија.

Оваа реченица отвора илјадници прашања за тоа колку е долг, трнлив, но на крајот магичен патот до успехот. Девојчето од десната страна, кое на почетокот на 90-тите само сонуваше за големите сцени со албумот „Мамо, пушти ме“, денес сигурно би била горда на жената која стана синоним за македонската поп-музика.

Многумина корисници и јавни личности истакнуваат дека гледањето на овие монтажи има речиси терапевтско значење, како потсетник за сè она што поединецот преживеал, за личниот раст и за победите над животните бури.

Каролина уште еднаш докажа дека покрај гласот, нејзината искреност и емоција се она што со децении ја чува на самиот врв.

фото:Instagram printscreen/karolinagoceva

To top