Мајката на пејачката Наташа Беквалац, Мира, во една прилика зборуваше за својата ќерка и тогаш истакна дека не би прифатила таа да се мажи по четврти пат, по трите пропаднати бракови кои ги има зад себе.
Мајката на Наташа откри дека овој пат не би ја поддржала ќерката во одлуката да застане на лудиот камен.
-Ма, нема шанси да се мажи, пази, ќе ја убијам. Јас би се откажала од неа кога би се мажила по четврти пат. Мислам дека нема, помина доволно школо за да сфати дека не е жена за брак. Таа жена не е за брак, луѓе. Таа е за да биде сама, со своите деца, со работата, па ако некој се вметне тука добро, ако не, тогаш пак добро. Таа не трпи форма, не трпи клише. Таа си работи како што сака, а во бракот мора да постои правило на однесување. Не сака да има обврска, да има некој тука во станот, туку сè си прилагодува самата на себе, и децата, и работата, па и сите нас – рече Мира, која тогаш се вклучи во „Амиџи шоу“ каде Наташа гостуваше.

Исто така, Беквалац призна и што ѝ забележува на својата наследничка.
-Ѝ замерувам на тие халтери, сака да се разголува, градите да ги разголи, задникот да го разголи, но нема причина за тоа. Доволно луѓето видоа, таа е веќе 20 и кусур години на сцена и постојано го гледаат тоа, дај да видат нешто друго. Сакам да ѝ ја пофалам песната, кај облекувањето секогаш имам некоја замерка, имам некогаш и кај пеењето, но таа вели дека тоа така треба, кога е веќе снимено што е тука е, но имам право да го кажам своето мислење – зборуваше таа тогаш и откри како Наташа реагира на критиките.

-Таа не прифаќа критика, знае да се сврти и да замине, а ме прашува, кога веќе ме прашува, јас ти кажувам. Ѝ кажувам што не ми се допаѓа како гледач, а и како мајка. Не сакам кога е провокативно облечена, но таа вели тоа така мора. Сака да биде многу важна, таа да биде најважна, сите да сме тука за неа, сите да мислиме како што таа мисли, сите да работиме онака како што таа смета дека треба да работиме – зборуваше таа.
фото:Instagram printscreen/bekvalceva





