Радио Милева му го фрлила меракот

Гоца Тржан во центар на скандал! Колешка ја обвини дека му се нафрлала на нејзиниот сопруг

Гоца Тржан во центар на скандал! Колешка ја обвини дека му се нафрлала на нејзиниот сопруг

Пејачката Ружица Чавиќ ги шокираше гледачите кога во една емисија своевремено раскажа дека пред повеќе од две децении колешката Гоца Тржан наводно му се нафрлала на нејзиниот сопруг.

Како што тврди таа, сè се случило во Херцег Нови, а ситуацијата според нејзините зборови упорно се повторувала, па станало очигледно во еден момент дека нешто се случува.

Ми пријде и ми рече како мојот сопруг е добар фраер, започна Ружица, а потоа продолжи да опишува како се одвивала ситуацијата.Поминува некое време, таа повторно приоѓа и ми вели дека маж ми е добар фраер.

Третиот пат приоѓа, а јас ѝ велам: „Гоцо, маж ми“. После тоа, Маре и јас го наговараме мојот сопруг Ненад да се приклучи на бендот на Гоца. Едвај се согласи, а Маре ми рече: „Го пушташ кај Гоца?“.

Се разбира, веднаш тргнав по него за да го вратам!

Инаку, Гоца Тржан денес е во среќен брак со Раша Новаковиќ, кого го запозна во моментот кога минуваше низ болен развод со првиот сопруг, Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена.

фото:Instagram printscreen/ gocatrzan

To top