Пејачката Јелена Томашевиќ се соочи со здравствен проблем по вирусна инфекција, која доведе до воспаление на средното уво.
Како последица на тоа, дошло до нарушување на положбата на кристалите во внатрешното уво, што предизвикало силно чувство на вртоглавица (вертиго) и проблеми со рамнотежата.
Јелена пред неколку месеци доживеа непријатност кога за време на настап на концерт во Бар се сруши на сцената, поради ненадејниот здравствен проблем што ја погодил.

Откако на пејачката ѝ се слоши на сцената, концертот беше прекинат, а присутните веднаш реагираа за да ѝ помогнат. Јелена откри дека во тие драматични моменти први ѝ притрчале на помош лекарки кои се наоѓале во публиката, како и екипата на Итната помош, која набргу пристигнала на местото.
Пејачката објасни дека имала вирус, но не сакала да го откаже настапот. Иако вртоглавиците во текот на денот се смириле, навечер повторно се појавиле на сцената. Како што навела, доколку знаела што ќе се случи, навреме би го откажала концертот за да не се доведе себеси во таква ситуација.
Здравствениот проблем бил решен со посета на лекарка, која со специфичен маневар ги вратила кристалите во увото на нивното место, по што вртоглавиците престанале. Потоа ѝ било наложено неколку дена строго мирување.
printscreen/instagram/jelenatomasevic_official





