Мегафон Билборд Вистина на „Music Week“ фестивал

Зимската магија на Копаоник Лепа Брена и Здравко Чолиќ во Ивент салата на хотел Гранд ја претворија во музичка бајка (ФОТО+ВИДЕО)

Зимската магија на Копаоник Лепа Брена и Здравко Чолиќ во Ивент салата на хотел Гранд ја претворија во музичка бајка (ФОТО+ВИДЕО)

Копаоник уште еднаш покажа дека не е само омилената зимска ски дестинација во регионот, туку знае да биде и центар на јаголемата забава во регионот. Викендов таа  кулминираше  со сензационални концерти на двете најголеми музички легенди од овие простори – Лепа Брена (15 март) и Здравко Чолиќ (16 март)  во рамките на традиционалниот Music Week фестивал во големата Ивент сала на елитниот хотел Гранд Копаоник!

Така, покрај прекрасните ски терени, на кои веројатно во овој дел на годината единствено може на нив може да се скија, со оглед на тазе паднатиот снег во средината март, кога пролетта е веќе на прагот,  одличната понуда на хотел Гранд каде капацитетите за сместување, услугата, храната, односот на персоналот и понуденото ниво на спа и фитнес релаксација, како и забавата дефинитивно се на самиот врв. А кога веќе доаѓате на врвот, тука сте повеќе од добредојдени!

Затоа и хотел Гранд е преку целата сезона полн, а за место во неговите капацитети мора да резервирате навреме. Особено кога се во прашање таканаречените „Музички викенди“ кои во организација на водечката регионална продуцентско-промотерска куќа „Скај мјузик“ се вистински ВИП спектакл за кој се бара влезница повеќе. Така било отсекогаш, така беше овој пат кога затворањето на сезоната  со спектакуларна аудиовизуелна продукција,  музичко-сценскиот ВИП концертен спектакл на сцената ги имаше двете најголеми музички ѕвезди на сите времиња во регионот. Најголемата во фолк музиката и нејзина прва дама, единствената Лепа Брена и најголемата поп ѕвезда, вечното момче и љубимецот на сите генерации девојки, дами и госпоѓи, неповторливиот Здравко Чолиќ.

Обајцата не само што ги исполнија очекувањата и направија концертна журка „за сите пари“, туку секој со својата харизма и препознатливите хитови, ги споделија својата музика и емоции во песните кои ги одбележаа сите генерации. И  Брена и Чола со својот незаборавен концерт буквално „ја урнаа“ Ивент салата на хотел Гранд, но ги наполнија срцата и душите на сите што дојдоа уште еднаш да ги видат и слушнат идолите на нивното време, но и на нивните деца и внуци.

Особена кулминација доживеа крајот на концертот на Здравко Чолиќ  во саботата на 15 март, кога на омилениот пејач на овие простори на сцената му се придружи никој друг туку  и самата Лепа Брена!

Нивниот прв заеднички настап за испишување музичка историја со дует изведбата на „Пусти, пусти моду“ предивика вистински делириум во салата, вулканска ерупција од воодушевувања, излив на емоции и стоечки овации, какви што најголемите ѕвезди и заслужуваат.

Екипата на Вистина.ком.мк заедно со уште три македонски медиуми (Вечер.мк, Убавина и здравје.мк, Република.мк и Утринската програма на МТВ) беа специјални гости на овој градиозен музички настан на покана на организаторот кој се погрижи престојот и третманот и на македонските како и на сите останати новинарски екипи  да биде на највисоко можно ниво, со сите удобности, можности и содржини што ги пружа и нуди ултралуксузниот хотел Гранд… Или што би рекле со јазикот на хотелиерите – за 5 ѕвездички… па и повеќе од тоа!

Music Week фестивалот на Копаоник може да се окарактеризира како вистинско аудио-визуелно волшебство за паметење. Во уникатниот, луксузен амбиент на хотелот Гранд Копаоник, со врвна аудио-визуелна продукција потпишана од продуцентската куќа Скај мјузик, концертното искуство на најпопуларната планина во регионот и овој викенд  беше настан за паметење на затворањето на сезоната. Едноставно, домаќините, Лепа Брена и Здравко Чолиќ направаја зимата на врвот и овој пат навистина да звучи и изгледа волшебно!

Идиличното мартовско скијање изминатиот  викенд, како и врвниот комфор, луксузните и релаксирачки спа и фитнес содржини, ненадминатото гастрономско искуство и посветената услуга на персоналот на хотелот Гранд, даваат можност за совршен зимски одмор на Копаоник, за кој дефинитивно вреди да се резервира место.

Затоа оние кои веќе биле, повторно се враќаат. Оние пак кои се’ уште не го доживеале ова зимско волшебство, време е да да ја почувствуваат ненадминливата зимска магија…

Ако не стигнавте годинава, ве чекаат догодина… Се гледаме на врвот!

Фото: Приватна архива/grandkopaonik.coм/musicweekfestival

 

To top